Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар во сабота игра дерби, гостува кај Металург
ЖРК Вардар во сабота игра дерби,  гостува кај Металург

ЖРК Вардар во сабота игра дерби, гостува кај Металург

Во предпоследното, 13.коло од плеј-офот кај сениорските во женската ракометна лига ќе се одигра дерби помеѓу нашиот Вардар и тимот на ЖРК Металург, актуелниот освојувач на Купот на Република Македонија. 

Натпреварот е закажан во сабота (21.мај,2022 год.)  во салата „Автокоманда“ со почеток во 14 часот и 30 минути. Ова е натпревар на екипите кои се на 3та и 4та позиција на табелата, сино-белите во моментот со 30.бода се на позицијата број три, избраничките на Драгана Ристова и Царчев Александар се на позицијата зад нив со 25.освоени бодови.