Минатиот викенд се одигра 8.коло во женската кадетска лига, по крајот на истото во нашата група-А веќе многу работи за нас се јасни. ЖРК Вардар во дирекно соочување со конкурентот, во дербито со Металург дојде до победа со 27-20 и се зацврсти на лидерската позиција.
Девојките на Платон Анжела и Папуџиева Марија со таа победа обезбедија пласман на Ф-4 каде што ќе се борат за титулата. Нашиот тренерски двоец ги заслужува сите комплименти за оваа сезона, со тотално „реновиран“ тим успеа да се врати на статите шампионски патеки. Заминаа многу искусни девојки, дојдоа помлади ама „шампионскиот ореол“ се уште е надвиснат над кадетскиот тим. Успеаа да ги вклопат во својот систем сите нови девојки кои го пополнија ростерот, респект за таквата тренерска ракометна вештина. И покрај сите предизвици со кои се соочија, создадоа атмосфера за плодна работа и напредок.
Покрај максималните 24.бод остварени со 8.победи на исто толку натпревари во оваа сезона тие имаат одлични бројки и во другите категории. Постигнаа 244.гола на овие 8.кола, или неверојатни речиси во просек 31.гол постигнуваме на одигран натпревар во кадетската лига. Покрај тоа што го имаме најдобриот напад во лигата, ја имаме и најцврстата одбрана со најмалку примени голови. Во нашата мрежа завршија само 171.погодок, или примаме околку 21.гол во просек на одигран дуел. Треба да напоменеме уште еден факт, на сите осум дуели вардарки веќе на полувремињата имаа предност, односно сите натпревари ги имаа „решено“ со предност веќе по првиот дел, во вториот дел остануваше само „конечната егзекуција“ на ривалите. Вака изгледа табелата во моментов:
До крајот на групната фаза ни остануваат уште два меча кои нема да сменат ништо околу нашиот пласман понатака, поточно се чисто формални за доигрување. Овој викенд гостуваме кај Куманово, во следниот во последното коло на домашен терен ќе ја пречекаме екипата на Шампион. Потоа следи завршниот Ф-4.