Вардар го освои и 15.трофеј во Купот, откако во големото финале ја победи екипата на Еурофарм Пелистер. Иако противникот на десет минути пред крајот имаше позитива од пет гола, сепак Вардар се издигна, покажа карактер и со голот на Филип Талески во последните секунди успеа да слави во финалето.
Борко Ристовски им честиташе на своите соиграчи за трофејот, потенцирајќи дека нивниот успех се должи на заедништвото.
-Наградата за овој тим не е пехарот. Наградата е нешто многу повеќе. Борбата, заедништвото, желбата да се биде прв. Едноставно овој клуб е повеќе од трофеи. Вардар е Скопје, Македонија. Честитам на истрајноста на цела екипа. Посебни честитки за Томовски и Гогов, на кои сум посебно горд. Благодарност до сите наши поддржувачи и нормално до Комити, напиша Борко на социјалните мрежи.