На 22 мај со почеток во 8 часот во Струга ќе се одржи трка на поезија во должина од 5км и 10км. Патеката е исклучитeлно брза има неверојатни 0 метри елевација, што е реткост за трка на пат. Ова ќе биде второ издание на оваа манифестација. Има пријавено повеќе од 1000 натпреварувачи, помеѓу кои многу асови на Македонската атлетика.
Нашиот, Петре Завировски ќе настапи на трката на 10км. Oваа сезона трча инзворедно на трките на 10км. На 8 мај на „Скопје Трча“ го собори својот личен рекорд поставувајки време од 35-26 минути. Претходно на националното првенство на 10.000 метри имаше резултат од 35-56 минути. Во Кочани постави време од 35-54. Тој на сите три настапи на 10км успеа да трча под 36 минути.
Неговата форма во моментов е одлична. Не би било изненадување во Струга да ја нападне границата под 35 минути. Имајки во предвид дека на Скопје Трча вторите 5км ги мина за 17:25 односно половина минута побрзо од првите 5км. Тоа дава за право да очекуваме нов одчичен настап на нашиот Завировски кој веројатно ја трча својата најдобра сезона во досегашниот дел од кариерата.