Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов: Го победивме најдобриот тим во светот, Барселона, сега Веспрем треба да мисли за нас!
Стоилов: Го победивме најдобриот тим во светот, Барселона, сега Веспрем треба да мисли за нас!

Стоилов: Го победивме најдобриот тим во светот, Барселона, сега Веспрем треба да мисли за нас!

Kaпитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов уште еднаш го водеше својот тим до историска победа и пласман во големото финале на Лигата на шампионите. Стоилов го постигна последниот погодок за победа, а по натпреварот истакна дека сега Веспрем треба да мисли за нив.

„Го победивме најдобриот тим во светот, Барселона! Затоа сега Веспрем треба да мисли за нас,а не ние за нив. Веспрем има поголем ростер, но еден натпревар е. Колку и да си изморен во 60 минути можеш да вложиш максимум, а потоа ќе има време за одмор“, изјави капитенот на Вардар.

Утрешното финале се игра со почеток од 18.00 часот.