Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > Slider > ПАДНА Барса, ВАРДАР СО НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ ПОБЕДИ И ЌЕ ИГРА ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ
ПАДНА Барса, ВАРДАР СО НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ ПОБЕДИ И ЌЕ ИГРА ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ

ПАДНА Барса, ВАРДАР СО НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ ПОБЕДИ И ЌЕ ИГРА ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ

Вардар со неверојатен пресврт ја победи Барса и ќе игра во големото финале од Лигата на Шампионите,

Екипата на Барселона прва го отвори резултатот, откако Дика Мем успеа да погоди од трет обид, претходно ддва удари на противникот беа успешно блокирани. Имаше Барса и водство од 2:0, но црвено-црните вратија на ист начин и со головите на Шишкарев и Скубе го израмнивме резултатот на 2:2. Во следните четири минути гледавме игра гол за гол, а последното израмнување беше при резултат 4:4. Не успеавме да ги искористиме одбраните на Милосављев кој беше одличен на голот во првото полувреме и дококу не беше тој, Вардар можеше на одмор да има и двоцифрена негатива. Тргна Барса фуриозно, постигна три голови во серија и со голот на Абељо од пенал поведе за прв пат на дуелот со 7:4. Врати Кристопанс за намалување на резултатот, а Милосављев фаќа нов зицер, вкупно 6 одбрана за нашиот голман. Тоа го користиме преку Карачиќ за намалување на 7:6 во 16 минута, последниот момент кога бевме најблиску до предноста на шпанскиот шампион. Повторно со голот на Абељо, екипата на Барселона има три гола позитива (9:6), додека на голот се разбрани и Перез Де Варгас, по што започнаа проблемите за вардарци. Токму шпанскиот голман ја прави разликата, откако успеа во два наврати да му одбрани чисти удари на Карачиќ, а на спротивната страна искусниот Томас знаеше тоа да го користи, па со негови два гола зголеми на највисоки 13:8. Вардар влезе во серија на промашени зицери, Дибиров е непропазнатлив на теренот, најпрво не успеа да погоди зицер од контра напад, откако ја погоди пречката, а во следната акција, не успеа да го совлада Варгас ниту од крилната позиција. Залудни беа одбраните на Милосављев, кој имаше повеќе интервенции од колегата на спротивната страна. На три минути пред крајот на првиот дел, Карачиќ намали на 14:9, додека Милосављев стигна и до неверојатни 12 одбрани во првиот дел. Сепак шанса да ни ја полни мрежата доби и дефанзивецот Петрус кој и носи предност на Барса од 16:9 по првото полувреме. Кога голманот ти има 12 одбрани, а тимот губи седум разлика на полувреме, јасно е како игравме во овоие први 30 минути, промашивме сигурно шест чисти зицери, па затоа е високата негатива по првиот дел.

Прв гол и за Дисингер на ова полуфинале, за намалување на 16:10, а Фереира имаше можност да намали и на пет гола негатива, судијата му досуди престап. Продолжија нашите грешки и во второто полувреме, Шишкарев не погодува зицер од контра, сам небранет од никого, додека Чупиќ фрла топка во аут. И по 37 минути игра, Барса имаше контрола на резултатот и висока предност од седум голови (18:11). Конечно и Дибиров го „скрши“ малерот и со неговиот прв гол го намаливме резултатот. Со два последователни голови на Кристопанс, црвено-црните ја спуштаат негативата на пет гола (22:17) во 43 минута. Вардар не се предава, со вториот гол на Дисингер намалуваме на 25:21, па се уште постојат шанси за нашиот тим. Неверојатен Милосављев, штета што неговите 16 одбрани не ги претвараме во предност, а Кристопанс постигна гол за 25:22 на 11 минути пред крајот. Избраниците на Парондо се повеќе ја топат негативата, Барса промаши пенал, а од истата позиција Чупиќ погоди за 26:24. Какво враќање на Вардар, гол на Фереира за нерешени 26:26 на семафорот во Ланксес арената. Барса се изгуби, црвен картон добива Петрус, а Карачиќ со бомба удар му носи прва предност на Вардар на ова полуфинале (26:27) на 100 секунди пред крајот. Го задржавме водството, Стоилов ја потврди победата (27:29) за, големо ново финале за Вардар.

Кристопанс беше најефикасен со 9 голови, додека Милосављев имаше 18 одбрани. Утре во финалето ќе играме со екипата на Веспрем, која денес го победи Киелце.