Вардар ќе игра во големото финале на ЛШ, откако после неверојатен пресврт ја победи екипата на Барселона. Иако Вардарци во еден момент губеа со седум голови разлика (26:19), до крајот на мечот направија чудо и славеа со резултат 27:29
Победата се прослави и во собекувалната а заедно со тимот беше и сопственикот на Вардар, господинот Сергеј Самсоненко кој заедно со играчите го сподели големиот триумф и пласманот во големото финале.