Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Честитки за моите играчи кои покажаа дека сакаат да победат
Гонзалес: Честитки за моите играчи кои покажаа дека сакаат да победат

Гонзалес: Честитки за моите играчи кои покажаа дека сакаат да победат

Вардар го освои второто место во оваа сезона на сеха-лигата. Во финалниот натпревар по голема борба, екипата на Веспрем на крајот излезе како поуспешна и славеше со резултат 28:26. Црвено-црните беа подобар противник во првиот дел, кога во еден момент успеаа да имаат предност и од пет гола разлика. Сепак во финишот на мечот, подобро се снајде Унгарскиот шампион кој се изедначи по бројот на освоени трофеи во оваа лига. На прес-конференцијата после завршување на мечот се обрати тренерот Гонзалес и Мијајло Марсениќ.

-Загубивме, но мислам дека игравме многу добро. Првите 15 минути беа фантастични, играта беше брза ние бевме многу добри. Веспрем беа подобри во одбрана. На почетокот на второто полувреме имавме водство од еден гол. Игравме со 100 проценти, но ни требаше уште малку за да го победиме Веспрем. Тие се одличен тим и голем кандидат за секој трофеј. Честитки и за моите играчи кои покажаа дека сакаат да победат и играа така, рече Гонзалес.

Марсениќ потенцираше дека важен момент биле одбраните на Алиловиќ.

-Загубивме од Веспрем која е една сериозна екипа, една од најдобрите во Европа. Мирко Алиловиќ во одредени моменти беше на висина на задачата, одбрани три многу тешки топки, кои кој знае што би донеле на крајот но тоа е спортот, изјави Марсениќ.