Екипата на РК Вардар Јуниор со победа ја заврши својата прва сезона во најсилната супер лига. Тие забележаа триумф во дуелот со екипата на Охрид 2013. Конечниот резултат гласеше 23:22. Натпреварот се одигра во спортскиот ракометен центар Кале.
Заслужена победа за избраниците на Пепи Манасков, кои не му дозволија ниту едно водств на противникот. Најчесто предноста на Вардарци се движеше од 1-3 гола разлика. После водството од 3:1 и 7:5 следиме израмнување на резултатот од 7:7. Вардарци повторно се вратија во предност од два гола, која ја одржуваа до крајот на првото полувреме, иако во еден момент имавме и предност од три гола. На полувреме се замина со резултат 14:12.
Во вториот дел воглавно ја одржувавме оваа предност, кога Вардар ќе поведеше со три гола, гостинот се доближуваше на еден гол негатива. Во последните минути влеговме во неизвесна завршница, каде се играше гол за гол, сепак Вардар благодарение на предноста која ја имаше константно во текот на целиот дуел успеавме да го добиеме дуелот. На крјот од регуларниот дел во дебитантската сезона оваа екипа го освои шесттото место.
Најефикасни во нашите редови беа Филип Чурлевски и Мартин Поповски со по 7 постигнати голови.
Вардар јуниор: Чаневски, Ивановски, Костовки, Спасовски, Недановски 2, Георгиевски, Тренчевски 1, Чурлевски 7, Ангелов, Јовчевски, Андовски 1, Манасков 3, Поповски 7, Вујачиќ 1, Давитковски 1