Пионерките на ракометниот клуб Вардар преводени од Драгана Ристова Пецевска со победа ја завршија сезоната. Тие на гостувањето во Штип, беа подобри од екипата на Кожувчанка со резултат 10:21.
Натпреварот беше решен уште во првото полувреме, кога домаќинот на овој меч успе успеа да постигне два гола, што е премалку за позитивен резултат. Резултатот во првите пет минути беше 2:3, за до крајот на првото полувреме Вардарки да постигнат осум голови во серија и на полувреме да се замине со резултат 2:11.
Серијата на погодоци продолжи и во второто полувреме до резултат 2:15, кога кончено Кожувчанка успева да ја затресе нашата мрежа и да на мали на 3:15. Набргу успеавме да направиме и двоцифрена предност од 9:19. Последните неколку минути беа чиста рутина и одработување на дуелот.
Вардар: Трајковска, Гроздановска 2, Арсовска, Дамјановска 3, Ивановска, Крстевска, Горгиевска 2, Донева 2, Петковска 2, Станчева, Лазаревска, Насковска 1, Костовиќ, Миновска 3, Седлоска 5, Галевска 1.