Рускиот репрезентативец Сергеј Горбок веќе неколку месеци се рехабилитира од тешката повреда на лигаментите која ја доби уште на стартот од оваа натпреварувачка сезона.
Но, според последните информации, голема е веројатноста Сергеј Горбок да биде во комбинација за саботниот дуел со Загреб во Скопје и да добие некоја минута колку да го осети жешкиот терен кој го чека неговиот екс тим токму против нашиот Вардар во 1/4 финалето.
Горбок може да биде од голема помош за дуелите со Пик Сегед. Овој бек шутер мина две сезони во унгарскиот тим и знае многу тајни на овој тим.
Само за мало потсетување, Горбок пред две сезони постигна 69 погодоци за Пик Сегед во Лигата на шампионите и беше еден од нивните најдобри играчи таа сезона.