Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Преглед на првите осминафинални мечеви во ЛШ, Вардар е најблиску до пласман во 1/4 финалето
Преглед на првите осминафинални мечеви во ЛШ, Вардар е најблиску до пласман во 1/4 финалето

Преглед на првите осминафинални мечеви во ЛШ, Вардар е најблиску до пласман во 1/4 финалето

Изминатиов период се одиграа првите осминафинални дуели во машката Лига на Шампионите. Победи на првите мечеви забележаа екипите на Рајн-Некар, Фленсбург, Вардар, Пик Сегед и Веспрем, додека Мотор Запорожје и Киелце одиграа со нерешен резултат.

Осминафиналните двојки ги отворија екипите на Рајн-Некар и Нант, победа од два гола разлика за бундеслигашот на првиот меч, пред гостувањето во Франција. Екипата на Нант во најголем дел од првото полувреме имаше предност, која во еден момент достигна и три гола позитива (5:8). Играа подобро во овој дел од мечот, имаа водство и од 12:14, но во последните шест минути од првиот дел, Рајн-Некар го сврте резултатот во своја корист, кога направија серија од 5:1 и поведоа со 17:15. Истава разлика ја имаа и по истекот на првите 30 минути, кога резултатот на семафорот беше 18:16.

resourceimage

Во текот на целиот втор дел, избраниците на Јакобсен беа во предност, а можат да жалат што овој прв меч не го добија со поголема разлика. Изгледаа добро работите за домашниот тим кога се одлепи на највисоки 31:26, но Нант ја стопи негативата во следните пет минути кога со серија од тгри погодоци намали на само 31.29. До крајот на мечот се играше гол за гол, Шмид во последниот напад постигна гол за плус три, но Нант беше брз и речиси во последната секунда со погодок од центар, откако голот на Рајн-Некар беше празен, успеаа да погодат за да ги постават конечните 34:32.

Екипата на Фленсбург успеа да се стекне со предност од два гола, пред реваншот на нивни терен, во мечот со Брест Мешков. Во првото полувреме се играше гол за гол, освен на стартот кога бундеслигашот поведе со 1:3, во остатокот од првиот дел ниту една од екипите немаше поголема позитива од еден погодок, додека на одмор се замина со нерешени 14:14.

Само поради лошата игра во последните седум минути од мечот на Фленсбург не можеме да го прогласиме германскиот претставник за патник во следната елиминациска рунда. Фленсбург како одминуваше вториот дел се повеќе се одлепуваше од противникот. Поведоа со три гола, стигнаа и до пет позитива, додека во еден момент имаа највисоки 21:29 и 22:30.

54520603_1339871802834859_20053691931295744_n

Сепак во последните завршни минути му дозволија на Брест Мешков да постигне шест гола, а тие ниту еднаш да погодат, па на крајот белорусите со достижна негатива од два гола да го завршат мечот (28:30). Фленсбург е во предност, но се е возможно во реваншот.

Вардар е тимот кој успеа да се стекне со најголема предност на првите осминафинални мечеви. Црвено-црните се најблиску од сите други до пласман во четвртфиналето. Реваншот против Загреб на 30.април треба да биде само формалност за избраниците на Парондо, кои имаат девет гола позитива после првиот меч кој се одигра во Хрватска (18:27). Извештајот од овој дуел можете да го прочитате на линкот, ТУКА. 

resourceimage-2

Екипите на Мотор Запорожје и Киелце одиграа прв израмнет дуел од осминафиналето,, на натпревар со многу голови, на крајот ниту една од екипите ќе нема предност пред реваншот во Полска (33:33), каде ќе се решава тимот кој ќе продолжи понатаму. Украинскиот тим имаше подобар старт на мечот кога поведе со 3:1, но Киелце воспостави рамнотежа, па имаше во два наврати и предност од два гола (8:10). Сепак по првиот дел, резултатот беше нерешен 16:16.

resourceimage-3

Мотор на стартот на второто полувреме направи серија од 3:1 и поведе со 19:17, беа долго време во позитива, која не беше поголема од два гола разлика. На крајот сепак Киелце не дозволи да биде поразен, па на домашен терен ќе започне од почеток.

Пик Сегед со предност од два гола ќе го започне реваншот на свој терен, откако успеа да излезе како победник на првиот меч против Висла Плок. Во првото полувреме, домаќинот се стекна со највисоко водство од 7:3, но до крајот на првите 30 минути, Сегед успеа да израмни и на одмор да се замине со резултат 10:10. Во вториот дел, домашниот тим стигна до предност од три гола (18:15) и во тој момент Висла Плок почуствува дека може да направи изненадување.

55887747_2626971490652643_5124776272035053568_n

Сепак Пик Сегед заигра подобро, успева да направи серија од 0:5 и тоа благодарение на неколку голови на Кањелас, целосно да го сврти резултатот во своја корист. Се обиде Висла да се врати, но безуспешно. На крајот славеа избраниците на Пастор со резултат 20:22.

Екипата на Веспрем во завршните десет минути од мечот го „скрши отпорот на Спортнг Лисабон и славеше со резултат 28:30. Спортинг имаше предност во најголем дел од првото полувреме, која порасна на два гола, додека гостинот во неколку наврати стигнуваше до израмнување, сепак Спортинг беше тимот кој по првите 30 минути замина со минимално водство од 15:14.

resourceimage-1

Откако избраниците на Дејвис во вториот дел израмнија на 17:17, започна серија за домашниот тим, кој се одлепи и на највисоки три гола позитива (20:17), а истава разлика ја имаа и при резултат 24:21. Сепак широкиот ростер кој го има Веспрем беше решавачки за пресвртот, направија набрзина серија од 0:4 и го свртеа резултатот во своја корист (24:25).До крајот не дозволија да го испуштат водството, па слават победа.

После одигрување на реваншите ќе бидат познати сите четвртфинални двојки во Лигата на Шампионите.