По потврдата дека бразилецот, Фереира ќе замине во Веспрем ова лето, се отвори прашањето кој играч ќе го замени. Црвено-црните најдоа решение од најдобрата европска ракометна лига, германската Бундес. Дел од црвено-црниот табор од ова лето ќе биде рускиот репрезентативец, Сергеј Горпишин.
Станува збор за млад играч (21 год.) со одлична градба за пикер, има над два метра висина и над 100 кг маса. тој настапува на пивотменската позиција. Русинот настапуваше за германскиот бундеслигаш Ерланген. Покрај тоа е актуелен репрезентативец на Русија, за својата земја настапи на последното Светско првенство кое се одигра во Германија и Данска.