РК Вардар излезе со соопштение за последниот дуел во регионалната лига на домашен терен во оваа календарска 2017 година во него се вели:
Натпреварот од СЕХА Газпром лига, кој воедно е последен меч за Вардар пред домашната публика во 2017 година, ќе има и хуманитарен карактер.
Приходот од продажбата на билетите од натпреварот ќе бидат наменети за операција за Борче Јовановски, роден 15.08.2001, кој мора итно да замине на операција во странство на трансплантација на коскена срж. Шеснаесетгодишниот Борче боледува од ретка генетска болест Бета Таласемија и неговата здравствена состојба се влошува поради што е потребно да замине на лекување во странство.
Цената на билетите е 50 денари. Истите може да се купат преку продажната мрежа на wwwticketplus.mk.
На влезот на салата ќе бидат поставени и кутии за донирање на пари кои исто така ќе бидат наменети за лекувањето за Борче Јовановски.
Имателите на сезонски билети ќе можат бесплатно да го следат натпреварот, но ќе можат и да купат билет или пак да донираат пари.