Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Марсениќ заминува во Фуксе Берлин
Марсениќ заминува во Фуксе Берлин

Марсениќ заминува во Фуксе Берлин

Уште едно ново заминување се официјализираше во редовите на Вардар. Кружниот напаѓач на црвено – црните, Мијајло Марсениќ од лето кариерата ќе ја продолжи во редовите на Фуксе Берлин од Германија.

24-годишниот Марсениќ дел од тимот на Вардар е од 2015 година, во дресот на Вардар минатата сезона постигна 32 погодоци, додека пак оваа само пет. Со заминувањето на Марсениќ, Вардар ќе тргне во доведување на нов кружен напаѓач за следната сезона.

Ова е ново oфицијално заминување од Вардар по Гонзалес, Циндриќ и Штербик.