Ракометен спектакл не очекува утре во С.Ц Јане Сандански. Екипата на Вардар го пречекува лидерот на табелата во Сеха Лигата, и шампион на Унгарија екипата на Веспрем. Ова ќе биде натпревар без резултатска значајност, но секако и двете екипи ќе одат на победа.
Игор Карачиќ во пресред на утрешниот меч со свое видување за нашиот сајт:
Сигурно ќе биде тежок натпревар, но исто така добра увертира за Лигата на Шампионите. Овој натпревар не менува ништо, и мислам дека и едната и другата екипа ќе пробаат да се подготват подобро за 1/8 финалето во Лигата на Шампионите.- Од моите соиграчи очекувам, заедно со мене, да дадеме се од себе како би го добиеле овој меч, и да продолжиме со победничката серија, и во добро расположение да заминеме за Полска. Комитите знаат секогаш дека играме од срце, па така ќе биде и овој пат.
Се гледаме во Јане Сандански !
Се гледаме во Јане Сандански !
Фото:24ракомет.мк
Звонко Ивановски