Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки го “растурија“ Крим со 47 гола во нивната мрежа

Вардарки го “растурија“ Крим со 47 гола во нивната мрежа

Вистинска голеада за избраничките на Индира Кастратовиќ во Словенија. Ова е само втора, но многу важна победа за Жрк Вардар на гостински терен, за оваа сезона во ЛШ.

Натпреварот започна со голот на Лекиќ, а возврати Македонската репрезентативка Бајрамовска. После десет минути игра, нашиот тим почнува осетно да се одлепува од својот противник. Лејно го започна овој меч на голот, во 12 минута имаме предност од 4:8. Пенезиќ мотивирана против својот довчерашен клуб, погодува за резултат 6:10. Во тие моменти, Пенезиќ има 1оо% ефект 5/5. Во листата на стрелци се запишува и Лазовиќ. Четири од седумте гола на Крим, се дело на Бајрамовска која погодува за 7:11. Во продолжение следи серија на Вардар од 0:3, за уште поголемо водство од 7:15. Мавшар ја прекинува нашата серија, и со Бајрамовска се единствените опасни играчи на домаќинот. Вардарки продолжуваат со јако темпо зголемувајќи ја предноста од минута во минута. Најефикасната по првиот дел Пенезиќ го постигнува својот седми погодок, за позитива од 10:19. Дембеле имаше исто така одлично полувреме, со ефект 5/6 гола во 27 минута од мечот. Во тие моменти резултатот гласи 10:21. Првото полувреме завршува со резултат 12:24. Секако Кастратовиќ е задоволна од прикажаната игра на своите девојки.

Второто полувреме на позицијата лево крило го започнува Маја Зебиќ-Сокач, која го постигнува својот прв погодок. Со третиот гол на Радичевиќ имаме предност од 14:28. Неколкуте грешки во нашата игра му дозволија на Крим да намали на 25:35. На теренот влезе и младата Гакидова, за која ова е едно одлично искуство. Повторно заигруваме подобро, па со третиот гол на Зебиќ повторно имаме голема предност од 26:38 во 52 минута од натпреварот. На пет минути пред крајот, го имаме најголемото водство од 28:43. Конечниот резултат гласи 29:47.

Се до утрешниот натпревар на екипата на Турингер, Вардар се наоѓа на третото место на табелата. Последниот меч е против Динамо Синара во Јане Сандански.