Втората екипа на Жрк Вардар ги продолжува натпреварите во Супер-лигата, каде викендов ќе ја пречека екипата на Металург. Натпреварот се игра во сабота со почеток од 16:45 во С.Ц. Јане Сандански.
Своите очекувања за овој дуел, и до крајот на сезоната, ни ги пренесе Маја Трпковска, која е член на Жрк Вардар.
-Во вториот дел од сезоната, лично моите очекувања како и на целата екипа се многу поголеми од првиот дел. Имаме голем напредок во самата игра, особено во одбраната а тоа е одраз на неколкуте пријателски натпревари кои ги изигравме. Во припремниот период, поголем акцент нашиот тренер стави на одбраната. Како на секој натпревар, така и во сабота одиме на победа.
По првиот дел од сезоната, избраничките на Симе Симовски имаат учинок од 6 победи и 4 порази.
-До крајот на сезоната целта ни е да завршиме на второто или третото место на табелата. Третото ни е загарантирано, а за второто место зависи од натпреварите со Металург, изјави Маја Трпковска за Вардарфанс мк.
Звонко Ивановски