Феноменална партија на Андреја Пенезиќ против поранешниот тим екипата на Крим.
Во текот на целата сезона се навикнавме да гледаме солидни партии на Пенезиќ, која редовно е и наш прв стрелец во екипата на секој натпревар. Денеска Пенезиќ одигра не повеќе од 30-тина минути, но тоа не ја спречија да постигне дури 11 погодоци.
Во првиот дел имаше страшна реализација од 7/7
Во вториот дел влезе на половина од мечот и успеа да придодаде уште 4 голови, за вкупно 11 на оваа средба.
Со овие 11 голови, Пенезиќ изби на првата позиција стрелец во Лигата на Шампионките со 69 погодоци.
Најдобрата сезона Андреа ја имаше токму во екипата на Крим, во сезоната 2011/12 кога постигна 78 голови.
Очекуваме оваа сезона Андреа да го надине ова свое рекордно достигнување.