Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Јаклевски: Секогаш го баравме нивниот најслаб дефанзивец
Јаклевски: Секогаш го баравме нивниот најслаб дефанзивец

Јаклевски: Секогаш го баравме нивниот најслаб дефанзивец

Вардар изминатиот викенд го доживеа првиот пораз во ракометната Лига на шампиони. Во Полска домаќинот Киелце одигра подобро и заслужено на крајот се радуваше на победа и  два бода. По дуелот, искусниот играч на тимот Јаклевски, рече дека секогаш во нападот го напаѓале најслабиот играч на Вардар и затоа постигнале толку голови.

„Немавме премногу технички грешки, ги сведовме на минимум и затоа победивме. Вардар секоја загубена топка на противниците, ја казнуваше. Секогаш го баравме нивниот најслаб дефанзивец и игравме преку него. Имавме голема поддршка, салата беше преполна, ова победа е за навивачите“, рече Јаклевски.

Искусниот полски репрезентативец Матеуш Јаклевски на дуелот против Вардар постигна два гола.