Грижата за развој на талентите почнува уште на почетокот. Вардаровите искусни тренери, селекторот на женската селекција на Македонија и тренер во ЖРК Вардар, Симе Симовски и ракометната ѕвезда Индира Катратовиќ, која е одговорен координатор за женските селекции во Вардар беа на тренинг и делеа совети за почетниците во школата на Кисела Вода Вардар.
Покрај нив на посета и дружба со младите надежи беа и првотимките од Вардар. Станува збор за голманот на ЖРК Вардар, Симона Грујовска и двете ракометарки Aна Марија Божиновска и Ива Јаковчевска. Кисела Вода Вардар годинава одржува тренинзи со две групи, деца родени 2010 година и помали и со деца родени 2008/09. Видеото од нивната посета и дружење може да го погледнете ОВДЕ!
*Уписите траат до пополнување на групата. За термините и условите побарајте го тренерот Билјана Пецевска на тел.078/345 – 687.