Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Илиќ: Се наоѓаме на пола пат за пласман во следната рунда, Вардар е одличен тим и треба да внимаваме
Илиќ: Се наоѓаме на пола пат за пласман во следната рунда, Вардар е одличен тим и треба да внимаваме

Илиќ: Се наоѓаме на пола пат за пласман во следната рунда, Вардар е одличен тим и треба да внимаваме

Денес се игра реванш натпреварот од 1/8 финалето, меѓу екипите на Веспрем и Вардар. Црвено-црните имаат негатива од осум голови од првиот натпревар одигран во Јане Сандански, па само чудо може да се случи за Вардар да помине во следната елиминациска рунда.

Тренерот на Веспрем, Момир Илиќ, и покрај високата предност на неговиот тим сепак повикува на претпазливост пред денешниот дуел во „Веспрем Арената“

„Благодарение на победата од осум гола може да очекуваме и реванш во кој сме големи фаворити, ама се наоѓаме само на пола пат од овој двомеч. Вардар е одличен тим, овој пат мора да играме подобро отколку во Скопје ако сакаме да минеме понатаму. Исто така видов и некои работи кои не ми се допаднаа на првата средба“

Натпреварот ќе стартува од 20:45 часот со директен пренос на Арена Спорт 2.