Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Потребни ни се бодови за да останеме лидери во сеха-лигата – Македа: Секој од нас посакува да фати победнички ритам
Гонзалес: Потребни ни се бодови за да останеме лидери во сеха-лигата – Македа: Секој од нас посакува да фати победнички ритам

Гонзалес: Потребни ни се бодови за да останеме лидери во сеха-лигата – Македа: Секој од нас посакува да фати победнички ритам

Вечерва со почеток од 20 часот во Бања Лука, нашиот ракометен шампион ќе го одигра првиот натпревар во новата година. Противник во сеха-лигата, ќе биде екипата на Борац. Тренерот Гонзалес го истакна значењето на овој дуел, после репрезентативните настапи на своите играчи на ЕП.

-Натпреварот во Бања Лука е важен за нас, прв после настапите на играчите на Европското првенство . Многу од нашите ракометари беа вклучени во националните репрезентации на ЕП во Полска и немаа доволно време да се подготват и да се одморат после завршување на мундијалот. Сепак, ние сме лидери на сеха- лигата заедно со Веспрем и треба да ја оправдаме оваа улога. Борац секогаш игра навистина добро пред своите навивачи, но нас ни требаат бодови со цел да останеме на врвот на табелата, изјави Раул Гонзалес.

Пет Вардарови ракометари со своите репрезентации, освоија медали на завршеното европско првенство во Полска. Меѓу нив беше и десниот бек Хорхе Македа.

-Ние го завршивме првиот дел од сезоната на врвот, и нашата желба е таму да останеме до крајот. Сигруно нема да биде лесно да се игра во Бања Лука, само четири дена после европското првенство, на кое тројца играчи беа дел од финалниот натпревар, а двајца играа за третото место. Не е лесно да се изгуби во финалето, но секој од нас посакува да фати победнички ритам и во Лигата на шампионите и Гаспром СЕХА лигата, изјави Хорхе Македа во пресрет на овој натпревар.