Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: Задоволен сум од победата – Вујин: Вардар ќе биде уште подобар
Алушовски: Задоволен сум од победата – Вујин: Вардар ќе биде уште подобар

Алушовски: Задоволен сум од победата – Вујин: Вардар ќе биде уште подобар

Со победа започна новата година за тимот на РК Вардар. Во рамките на СЕХА-лигата, црвено-црните беа подобри од екипата на Војводина, која ја победија со резултат 25:21. Од самиот старт на дуелот, нашиот шампион имаше предност која ниту во еден момент не беше загрозена. Одигравме доволно за да ги освоиме првите бодови во ова натпреварување.

После дуелот следеа изјави на Алушовски и Вујин кои дадоа свое видувања за натпреварот со Војводина.

-Ова беше прв натпревар за нас по долго време, секако дека има елементи од играта да се поправат. Примивме 21 гол, задоволен сум од играта во одбрана, меѓутоа повторно послаб дел од играта е нашиот напад. Можам да најдам оправдување дека за првпат по долго време бевме комплетни. Мислам дека сите играчи го дадоа максимумот, го испочитуваа договореното и задоволен сум затоа што победивме во меч по скоро два месеци. Ни следат натпревари со Нексе и Порто. Честитки до играчите за борбеноста”, изјави Алушовски.

Важно е дека стартувавме со победа. Не бевме комплетни, но најважно е дека победивме. Имавме и добри работи, но и некои што треба да ги подобриме. Имавме доста сериозни тренинзи и знам дека ќе биде уште подобро, истакна Вујин.