Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Slider > Парондо: Знаевме дека ќе биде комплицирано, сепак на крајот стигнавме до победата
Парондо: Знаевме дека ќе биде комплицирано, сепак на крајот стигнавме до победата

Парондо: Знаевме дека ќе биде комплицирано, сепак на крајот стигнавме до победата

Со дуелот против Војводина, екипата на РК Вардар ја започна новата година. Црвено-црните триумфираа на гостувањето со резултат 23:26 и на тој начин стигнаа до 12.победа во СЕХА-лигата. Тешко беше да се игра после долгата пауза, но и поради некомплетниот тим кој го имавме на располагање за овој меч. Сепак квалитетот и искуството на крајот беа пресудни за вардарци да се вратат од Нови Сад со бодови. На прес-конференцијата по завршување на мечот, Парондо го изјави следново:

-Ова беше прв наш натпревар по Светското првенство, а тоа никогаш не е лесно. Знаевме дека ќе биде вака комплицирано, Војводина одигра одлично и со неколку одлични напади на крај стигнавме до победата. Сепак, честитки за екипата на Војводина

Свое видување за дуелот даде и Јана Војводиќ.

-Мислам дека одигравме одличен натпревар за гледачите тука во Нови Сад.  Војводина беше одлична, а ние не бевме препознатливи, но причината е позната, многу наши ракометари долго време беа отсутни заради репрезентативните обврски.