Вардар успеа да се пласира во големото финале на Купот, откако попладнево беа подобри од екипата на Еурофарм Пелистер. Црвено-црните одиграа колку што е потребно за да се победи противникот и да се стигне до финалето.
После натпреварот своето видување за полуфиналето го даде тренерот на Вардар, Давид Дејвис кој го изјави следново:
-Игравме против истата екипа пред една недела, но Купот е специфично натпреварување. Беше потешко, но задоволен сум од моите ракометари. Пласманот во финалето е исполнување на нашата цел и не ми е многу важно против кој ќе играме в недела.
Филип Талески беше втор најдобар стрелец кај Вардар, кој истакна дека пресудило искуството за конечниот исход на мечот.
-Знаевме дека нема да биде така лесно да победиме на овој дуел како на оној во Скопје и знаевме дека противникот ќе се подготви подобро и ќе игра поборбено. Тука ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 играа квалитетни 60 минути во одбрана, но нашето искуство пресуди. Имавме доста грешки, мора да ги сведеме на минимум за она што не чека во финалето, истакна Талески.
ФОТО: Гол.мк