Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Талески и Дибиров диригираа, Вардар ќе игра ново финале на Купот!
Талески и Дибиров диригираа, Вардар ќе игра ново финале на Купот!

Талески и Дибиров диригираа, Вардар ќе игра ново финале на Купот!

Вардар се пласираше во големото финале на ракометниот Куп на Македонија, откако попладнево во Кавадарци го победи тимот на Еурофарм Пелистер 2 со резултат 28-24 (13-11). Големото финале на кое Вардар ќе го брани трофејот, се игра во недела исто така во Кавадарци.

Дуелот започна изедначено, па така во 10.минута Вардар имаше само гол предност, 6-5. Веќе во 20.минута Вардар дојде до плус три, а имаше и четири голови предност, највисоки во еден момент од дуелот. Сепак, противникот малку се врати, па така на пауза се замина со предност на Вардар од плус два, 13-11. Во вториот дел Вардар одигра добар ракомет. Веќе во 40.минута имаше три голови предност. 18-15. Како наближуваше крајот на дуелот, така и Вардар ја зголемуваше предноста. На десет минути до крајот,  Вардар имаше и плус четири. До крајот на дуелот се играше гол за гол на двете страни, па Вардар запиша победа од 28-24 и се пласираше во големото финале на ракометниот Куп на Македонија.

Најдобри кај Вардар беа Тимур Дибиров со десет и Филип Талески со девет постигнати гола. Ги следеше Дарко Ѓукиќ со пет реализации.