Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЈУНИОР ЛИГА: Се одиграа мечевите во Група1 во генер. 2006/09, ви носиме извештаи. Штербик беше гостин на најмладите (ФОТО)
ЈУНИОР ЛИГА: Се одиграа мечевите во Група1 во генер. 2006/09, ви носиме извештаи. Штербик беше гостин на најмладите (ФОТО)

ЈУНИОР ЛИГА: Се одиграа мечевите во Група1 во генер. 2006/09, ви носиме извештаи. Штербик беше гостин на најмладите (ФОТО)

Предмалку во малата сала при СЦ “Јане Сандански“ завршија мечевите во групата еден кај дечињата родени во генерацијата 2006/2009.  Тие играат мечеви во мешан состав момчиња и девојчиња по 7 минути едно полувреме. Ова беа мечеви во рамки на второто коло во ракометната Вардар Јуниор Лига. Во продолжение ви ги носиме конечните исходи на овие дуели.

y3 y4
Во првиот дуел се сретнаа Општина Кисела Вода-4 и РК Шампион Вардар. Дуелот го доби екипата на Шампион со резултат 3-5. На полувреме се замина со предност на Шампион со 1-4, во вториод дел екипата на Кисела Вода-4 успеаа да се врати и намали од предноста на противникот.
Во вториот дуел се сретнаа РК Ѓорче Петров и Опш. Кисела Вода -1 . Во крајно неизвесен и тежок дуел победата кај овој дуел ја однесе тимот на Кисела Вода-1 со тесен резулат 8-9. Мечот почна рамноправно 2-2 , сепак до полувремето повешти беа членовите на К.Вода и заминаа на одмор со 4-6. Екипата на Ѓорче во вториот дел ја нападна нивната преност , но не успеаа да ја стигне и беше поразена минимално.
Во третиот дуел се сретнаа ГРК Гостивар- РК Војнисон. Во овој дуел победата беше однесена со пресврт, мечот го доби РК Војнисон со резултат 4-6. На полувреме доминираше и со водство отиде на одмор тимот на Гостивар, тие поведоа во првиот дел 3-0. Сепак во вториот дел нивните противници изнајдоа сили и со серија 1-6 направија целосен пресврт.
Во четвртиот дуел се сретнаа ГРК Гостивар-2 и Опш.К.Вода Вардар-2. Во овој дуел победа однесе екипата на Кисела Вода-2 со резултат  4-7. Мечот имаше две различни полувремиња првото крајно неефикасно кое заврши 1-2 и второто во кое паднаа повеќе голови. Гостивар влезе со негатива од еден гол во вториот дел сепак успеаа да изедначи на 4-4 по што следеше серија 0-3 за Кисела Вода-2 со која ја обезбедија победата.
Во последниот петти дуел во оваа група се сретнаа Опш.Кисела Вода-3 и РК Бисонов. Во овој дуел во генерацијата 2006/09 победа однесе убедливо тимот на Бисонов со резулат 3-14. Високата победа се насети уште на одморот кога се замина со висока предност 1-6 која беше најава за високиот пораз на Кисела Вода-3 во овој дуел.

НАПОМЕНА: Наскоро и фотогалерии од дел од овие дуели во генерацијата 2006/09.

y4 y5