Покрај лошата вест дека капитенот Стоилов нема да му биде на располагање, Стевче Алушовски, доби добри вести за мечот со Нексе во сабота. Сите останати момци се негативни на Ковид19, воедно може да смета на услугите на Ловро Јотиќ и Кристијан Дисингер кои имаа повреди. Двајцата ги залечија истите и ќе бидат кадидати за настап на овој прв официцијален натпревар по прекинот во март.
Дуелот помеѓу Вардар и Нексе, се игра во сабота во СЦ „Јане Сандански“, со почеток во 20:15 часот. Овој меч ќе го даде последниот патник на Ф-4 во Задар, веќе таму пласман обезбедија тимовите на Мешков Брест, Веспрем и Загреб.