По пауза од речиси шест месеца поради пандемијата, вчера, ЖРК Вардар го одигра својот прв натпревар. Стануваше збор за пријателски дуел со екипата на РК Спартак Кисела Вода, кој се одигра во салата „Круме Кепевски“. Избраничките на Ристова Драгана и Александар Царчев доминираа во текот на целиот дуел остварувајќи победа со 15 гола позитива, односно со резултат 37:22.
Ние започнавме доминантно, тргнавме со голот на капитенот Диневска Бојана, по само 3-4. минути игра по атрактивниот гол на Сара Миновска поведовме со високи 0-3. Домаќинот воспостави привремена рамнотежа и намали на 4-3, потоа повторно следеа наши минути. Казнувавме од контри, одлично игравме во одбраната, во нападите бевме убоити. Од минута во минута ја зголемувавме предноста па на одмор заминавме со резултат 11:19 во наша корист.
Вториот дел имаше исти почеток како и првиот, повторно со серија 0-3 ние го отворивме и овој период. Поведовме со двојно повеќе голови од Спартак (11:22) во 35.минута по погодокот на нововлезената Стефанија Ѓорѓиевска. Ривалот врати со гол од крило на поранешната вардарка, Коларовска Ана Марија. Ристова на овој прв меч даде прилика на целиот ростер, сите девојки одигаа одлично, долгата пауза не оставила печат на нив. Победата дојде со резултат 22:37. Во вториот дел Хмирова, одигра неколку минути на теренот што беше посебно задоволство и искуство за нашите млади дами.
Прв стрелец на овој дуел беше капитенот Диневска Бојана која беше незадржлива, таа погоди 7.пати. На пикер оваа сезона нема зашто да стравуваме, репрезентативното дуо „Џате-Кате“ едноставно е доминантно над ривалите, Дамјаноска погоди 6 пати, Џатевска стрелаше во 5.наврата. Миновска Сара покажува надмоќ над нејзините чувари кога станува збор за физичката подготвеност и креативност, таа беше стрелец на четири гола. По три погодока имаа: Васевска Златица и Тошевска Магдалена (сите од пенал). Во листата на стрелци се запишаа со два гола дебитанот Јасмина Попова, како и крилата Фани Ѓорѓиевска и Трпевска Ивона, по еднаш ја тресеа мрежата: Теодора Стаменкова, Михаела Лазаровска и Ива Јаковчевска.
Голманското трио беше солидно за почеток на сезоната, тие впишаа 16 интервенции, девојките на Царчев имаа 42% сопрани удари. Трајкоска Јована имаше седум, Илиќ Андреа пет , а Грујовска Симона запиша четири одбрани.