Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор издржа само едно полувреме во дуелот со лидерот РК Пелистер в гости
Вардар Јуниор издржа само едно полувреме во дуелот со лидерот РК  Пелистер в гости

Вардар Јуниор издржа само едно полувреме во дуелот со лидерот РК Пелистер в гости

Вчера младите надежи  на Вардар јуниор, предводени од Стојан Петрушевски играа меч од супер лигата в гости кај РК Пелистер во Битола. Тие  имаа лош почеток на средбата со Пелистер во Битола на мечот од Супер лига, што го загубија со 23-34, иако кон крајот на првото полувреме покажаа дека можат да се носат со повозрасни сениорски тимови. Сепак тие не успеавме да го одржиме тоа темпо на игра, иако се вративме и донесовме неизвесност пред крајот на првиот дел. За жал овој останува на трите бодови што досега ги има освоено, односно сезонава во Супер лигата. Домаќинот не совлада со  34-23 (18-15).

Почнавме лошо на стартот , па домаќините направија висока предност од 5-0. Тоа не ги обесхрабри нашите млади момчиња, кои полека ја топеа предноста на домашните ракометари, и намалија на 11-10 фаќајќи резултатски приклучок.   Игравме рамноправно и се надигрувавме, сепак домаќинот кој е лидер на табелата беше пресилен за нашите млади ракометари. Пелистер повторно поведе во финишот и  на  одмор замина со предност од три погодока,  резултатот беше 18-15 во корис на зелено-белите.

Во вториот дел неможевме да одиграме на исто ниво како во првиот дел кога бевме резултатски блиску до зелено-белиот состав. Тие од минута во минута само ја зголемуваа својата предност во однос на црвено-црните момци. На крајот усепаа да победат и обедливо со двоцифрена разлика. РК Пелистер триумфираше со “единаесет плус“ односно 34-23 на крајот.

Вардар јуниор: Кизиќ, Димов 1, Анѓелковски, Чакалиќ, Крстевски 6, Трајковски, Димитров 1, Кизиќ, Атанасовски, Трпчевски 4, Николовски 3, Димитровски 1, Кукуловски 5, Стојменов 1, Атанасовски 1, Цветаноски