Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Вардар в гости го “потопија“ РК Ѓорче
Младинките на Вардар в гости го “потопија“ РК Ѓорче

Младинките на Вардар в гости го “потопија“ РК Ѓорче

Вчера во салата во скопската населба Ѓорче Петров се сретнаа младинските екипи на РК Ѓорче и ЖРК Вардар, во овој дуел нашите девојки беа поуспешни и дојдоа до висока победа со дури 13 гола предност. Девојките предводени од Анжела Платон и Александра Кузмановска успеаа да триумфираат со 19-32 на овој дуел.

Натпреварот со два погодока на почетокот го отворија црвено-црните девојки кои поведоа со 0-2.  Следеше мал пад во нивната игра и серија на домашните 3-0, тие успеаа да поведат во продолжение со 3-2. Тоа беше прв и последен пат на овој дуел тие да имаат предност пред избраничките на Платон и Кузмановска.  Вардарки влегова во ритам и со серија 1-6 се одлепија на “плус четири“, односно 4-8. Во следните минути се играше гол за гол. двата тима во противничките мрежи постигнаа по нови три гола па во финишот се влезе со резултат 7-11. Домаќинките успеаа пред одморот да ублажат и да отидат со негатива од само два гола,  12-14 на одмор.

2151-660x330

Вториот дел почна неповолно за нас, противникот погоди прв и дојде на минимална негатива 13-14. Сепак дојдоа минути на црвено-црните младинки тие беа подобри во поле, успеаа да направат клучна серија на овој дуел. Со серија 1-6 се одлепивме првпат на “плус шест“, 14-20 и најавивме дека победата ќе биде наша на ова младинско соочување. Во следните минути повторно израмнет период. Bо игра гол за гол ние бевме на “плус шест“ повторно, односно на семафорот стоеше 18-24. Нашите девојки во вториот период од вториот дел беа посконцетрирани и со серија 1-5 се одлепија на двоцифрена разлика, 19-29 пред самиот финиш. Истиот беше формалност, на предноста додадовме уште три гола, не примивме ниту еден и на крајот триумфиравме со 19-32.

Кај нас Елена Ивановска и Марија Гоцевска  беа  први стрелеци со постигнати 7 гола,  Анастасија Неловска постигна 5 гола, а Кети Ангеловска запиша 4 погодоци.