Денес во салата “Кале“ се одиграа нови дуели од Вардар Јуниор ракометната лига, денот почна со два дуели кај момците во генерација родени 2006 и 2007 година. Во истите до победа стигнаа екипите на РК Драчево Вардар и РК Урдаревски Вардар.
Во првиот дуел РК Урдаревски Вардар беше подобар од РК Ангели Вардар со 20-8 (10-4), во дуел на две екипи од главниот град во јуниор лигата. Први со гол дуелот го отворија победниците на овој дуел кои поведоа со 1-0, но веднаш на другата страна изедначија Ангели на 1-1. Следеше пеколна серија 5-0 на поискусната екипа во Јуниор лигата, РК Урдаревски со која тие поведоа со 6-1 и најавија триумф. До крајот на првиот дел двете екипи беа речиси рамноправни, во игра гол за гол овој дуел заврши по првиот дел со предност од шест гола за Урадаревски, на одмор заминавме со нивна предност од 10-6.
Вториот дел почна повторно со гол за тимот кој го имаше приматот на овој дуел тие со тој погодок зголемија на 4-11, во продолжение момците на Урдаревски со нови шест постигнати гола, а ниту еден примен успеаа да се одлепат на високи 4-17. Следеа два гола во серија со кои Ангели ублажија на 6-17, но до крајот неостануваше време за ништо повеќе. Во игра гол за гол до крајот Урдаревски лесно го приведе дуелот кон крајот. Кај победникот Коневски и Трајновски успеаа да постигнат по пет гола, Ацески пак со три гола беше прв стрелец на поразниот тим.
Во вториот дуел РК Драчево Вардар дојде до победа во натпреварот со дебитанот во лигата РК Балтепе Вардар од Тетово со 16-5 (7-3). На почетокот момците од скопскиот тим со два последователни голови успеаа да поведат со 0-2, а тетовчани успеаа да намалат со погодок потоа на 1-2. Следеше серија 0-3 за Драчево со која тие се одлепија на “плус четири“ односно поведоа со 1-5. Во последниот период од првиот дел се играше рамноправно, двата тима постигнаа по два гола во противничките мрежи, па така на одмор се замина со резултат 3-7 на семафорот во салата “Кале“.
Вториот дел први со гол го отворија момците од Тетово, Балтепе со погодок на почетокот намали на 4-7 и внесе неизвесност пред останатиот период од вториот дел. Скопјани во продолжение несакаа и не дозволија да се загрози нивното водство, напротив со пеколна серија 0-5 се одлепија на високи 4-12 и најавија дека денес победуваат. Балтепе намали на 5-12 што беше нивни последен гол денес, на крај дуелот заврши со 5-16 за скопските момци. Кај победникот Тевдоски беше брилијантен тој постигна дури 11 гола за неговиот тим, Милевски пак со три гола беше прв стрелец на РК Балтепе Вардар.