Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ФК Вардар генер.2005 високо ја порази Цементарница
ФК Вардар генер.2005 високо ја порази Цементарница

ФК Вардар генер.2005 високо ја порази Цементарница

Денес на терените на Фудбалската федерација на земјава се одигра новото коло во детската лига, во истото ФК Вардар (1) генерација 2005 година одигра дуел со екипата на ФК  Цементарница. Момците на Ане Андовски дојдоа до победа со високи 14-1 во овој дуел, и продолжија со редењето на триумфи во оваа конкуренција.

066

По првиот судиски свиреж тргнавме офанзивно, создавајќи голем број на шанси, ние доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра денес. Имавме повеќе од поседот што донесе рано водство преку Никола Величковски кој погоди за 1-0 и отварање на резултатот. За кратко успеавме да поведеме со 4-0 на овој дуел, три од овие погодоци беа дело на Никола Величковски, а еден гол беше дело на Арбин Курти. Нашата доминација ни овозможи на средината од првиот дел веќе да имаме “петарда“ во голот на Циментарница. Стрелец на петтиот гол за црвено-црните беше Лефковски Давор. Веднаш потоа имавме голема прилика, сепак гредата беше сојузник на нашиот ривал по прекрасен удар на Никола Величковски. Следеше период во кој блесна Гаштаров Матеј, најпрвин на лизгачки старт погоди за 7-0, а веднаш потоа изведе и пенал кој го претвори во погодок за 8-0. Тино Спасиќ ја имаше последната прилика за вардарци пред одморот на овој дуел.

04 05

Вториот дел почна со два брзи погодока на Никола Величковски кој стрелаше умешно на самиот почеток со што поведовме со двоцифрена предност, тој со неговите два погодока го зголеми резултатот најпрвин на 9-0, а потоа и 10-0 во корист на избраниците на Ане Андовски.  Поради постојана офанзива противникот често исфрлаше во корнер, па по три корни добивме пенал. истиот умешно силно и прецизно го изведе Симеон Здравковски со чии гол поведовме со 11-0 на овој дуел.  Курти Арбин имаше удар и за нов гол, сепак топката мина крај директот. Тоа го казни противникот со контра, по која намали на 11-1 со нивниот прв и воедно последне гол на денешниот дуел.  Матеј Николовски успеа потоа да зголеми на 12-1, а по соло продор Курти постигна гол за 13-1 на 2.минути пред крајот на овој дуел. До крајот за одбележување имаше уште еден пенал за нас кој во гол го претврори Тино Спасиќ.