Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор гостува кај Охрид во првото есенско коло на 16 септември

Вардар јуниор гостува кај Охрид во првото есенско коло на 16 септември

Зад нас  е сезоната 2016/2017 година, веќе се назираат контурите и на идната сезона во Супер лигата. Новата натпреварувачка сезона во машката Супер ракометна лига треба да почне на 16/17 септември, ова го решија клубовите на годишната конференција. Истата се  оддржа денеска во Скопје.

И во новата сезона останува истиот систем на натпреварување, со 10 екипи кои ќе играат вкупно 20 кола, а потоа најдобрите четири од регуларниот дел продолжуваат да разигруваат за титулата заедно со Вардар и Металург, кои се ослободени од играњето во регуларниот дел од сезоната. Нашиот прв состав и екипата на  РК  Металург ќе играат повторно во  СЕХА Газпром лига. Екипите  што ќе бидат пласирани од 5 до 10 место во регуларниот дел ќе разигруваат за опстанок во плеј аут. Вардар јуниор, втората црвено-црна  екипа која е составена од млади ракометари во првото коло ќе му гостува на Охрид.