Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на РК Вардар триумфираа со пеколен финиш над селекцијата на Грција, на турнирот во БиХ
Кадетите на РК Вардар триумфираа со пеколен финиш над селекцијата на Грција, на турнирот во БиХ

Кадетите на РК Вардар триумфираа со пеколен финиш над селекцијата на Грција, на турнирот во БиХ

На силниот меѓународен турнир во Брчко, Босна и Херцеговина кадетите на Вардар се сретнаа со селекцијата на Грција.  На овој дуел од „Локомотива купот  2018“  избраниците на Андријана Будимир и Ацо Станковски со пеколен финиш дојдоа до минимална победа изразена со резултат 19-18.

Ние почнавме со гол на Давид Савревски за 1-0, по што ривалот со два врзани погодоци поведе со 2-1. Следеше игра гол за гол, двата тима постигнаа по три погодоци за 5-4 предност на грците. Момците на Будимир и Станковски се “разбудија“ влегоа во серија, во одбраната одиграа на ниво и со серија 4-0 го преземавме водството. За предност од 8-5 погоди Бојан Чакалиќ. Противникот во последните минути со три гола успеаа да ја врати резултатската симетрија, на пауза заминавме со резултат 8-8.

Вториот дел почна со игра гол за гол, двата тима постигнаа по четири гола, резултатот и понатака беше реми, 12-12. Противникот со серија 3-0, ни се одлепи тие поведоа со 15-12, го чуваа водството и пред крајот имаа залиха од два гола 18-16. Сепак нашите момци се издигнаа во финишот покажаа карактер и одиграа пеколно. Во одбраната “спуштивме ролетна“ во нападот погодија Чакалиќ и  Калајџиески  за реми, додека  Димитријевски  донесе победа со голот за 19-18.

Прв стрелец повторно беше Чакалиќ Бојан со 6 гола,  додека тројца играчи имаа по три погодоци: Дамјан Димитријевски, Давид Савревски и Симон Калајџиески.