Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > “Јуниор„ лига: Победа за женската екипа на Делчево во дуелот со Драчево
“Јуниор„ лига: Победа за женската екипа на Делчево во дуелот со Драчево

“Јуниор„ лига: Победа за женската екипа на Делчево во дуелот со Драчево

На единствениот женски натпревар кај генерацијата 2006/07 во последното есенско коло од “Јуниор„ лигата се сретнаа екипите на Делчево и Драчево. Поуспешна беше екипата на Делчево, која славеше со резултат 11:6.

48404174_1990623207651182_1619645696468582400_n

Само еднаш екипата на Драчево успеа да го израмни резултатот на 1:1, од тој момент девојките на Делчево имаа постојана предност. Во два наврати имаа предност од два гола (3:1 и 4:2) за екипата на Драчево да намали на 4:3. Сепак до крајот на првиот дел, екипата на Делчево успеа да постигне пет последователни голови и на одмор да заминат со водство од 8:3.

48387353_1990623414317828_1447528275105546240_n 48393841_1990623187651184_2437106650117570560_n 48397043_1990623404317829_5519572023820419072_n

На стартот од вториот дел беше решен победникот, кога екипата на Делчево ја продолжи серијата и со нови два погодоци зголеми веќе и на 10:3. До крајот на мечот, екипата на Драчево успеа да го намали резултатот, за остоен пораз со конечни 11:6.