Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > “Јуниор„ лига: Победи за машките екипи на Бисинов и Карпош кај генер.2006/07
“Јуниор„ лига: Победи за машките екипи на Бисинов и Карпош кај генер.2006/07

“Јуниор„ лига: Победи за машките екипи на Бисинов и Карпош кај генер.2006/07

Денес во малата сала на С.Ц. Јане Сандански се доигрува последното 4 есенско коло во ракометната “Јуниор“ лига. На програмата во машкиот дел беа два натпревари кај генерацијата родени 2006/07 година.

На првиот меч победа оствари тимот на Бисинов од Велес кој ја совлада екипата на РК Филип од Прилеп Заслужена победа за РК Бисинов со оглед дека имаше водство од почетокот на мечот. Беше 2:0 и 4:1, за екипата на Филип да намали на 5:3. Сепак од тој момент следеше нова серија за велешани кои поведоа со највисоки пет голови разлика (8:3). До крајот на првиот дел само растеше водството во корист на Бисинов, кој по првиот дел имаше висока предност од 13:6.

1 2

И во вториот дел растеше предноста за Бисинов, која имаше целосна контрола на резултатот. Во средината на вториот дел имаа и двоцифрена предност од 19:9. До крајот на мечот по шест голови на двете страни, за конечен резултат од 25:15 на овој дуел.

3 4

На вториот дуел во оваа возрасна генерација победа и за екипата на Карпош од Куманово, која високо го совлада тимот на Делчево. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 5:21. Неизвесност имаше само до средината од првото полувреме кога резултатот беше 3:3, за до крајот на првиот дел екипата на Карпош да направи серија од 1:7 и да зголеми на 4:10. Во вториот дел доминација на екипата на Карпош кој му дозволи на тимот на Делчево да постигне само еден гол, додека Карпош го полнеше нивниот гол, за на крајот победа со резултат 5:21.

5 6 7 8