Пионерите на ракометниот клуб Вардар, генерацијата на ракометари родени 2004/05 година ќе играат четвртфиналето на турнирот во организација на РК Илинден. Иако нашите млади надежи се натпреваруваат во група со екипи составени од играчи родени 2002/03 сепак се изборија за пласман меѓу најдобрите осум екипи на турнирот. Во текот на вчерашниот ден одигравме три натпревари, на кои забележавме една победа и два порази. Ја совладавме екипата на Лакташи, додека бевме поразени од екипите на Алушовски и Шампион. Денес избраниците на Зенга успеаа да се пласираат во 1/4 финалето, откако издвојуваа две идентични победи, изразени со резултат 15:10, во дуелите со екипите на РК Драчево и РК Волково.
Во зависност од конечниот пласман во другата група, утре за пласман во полуфиналето ќе се бориме со повозрасната екипа на Металург или Аеродром.