Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Вардарците, на подготовки со кадетската ракометна репрезентација, за претстојното СП во Скопје
Вардарците, на подготовки со кадетската ракометна репрезентација, за претстојното СП во Скопје

Вардарците, на подготовки со кадетската ракометна репрезентација, за претстојното СП во Скопје

Кадетската ракометна репрезентација ги стартуваше подготовките, за претстојното светско првенство, кое во периодот од 6-18.август ќе се одржи во Скопје.

Кадетите се наоѓаат во Струга, каде ќе останат се до 17.јули, по што подготовките ќе продолжат во Маврово. Дел од овие припреми со кадетската репрезентација се и играчите на Вардар. Се работи за Марко Кизиќ, Ален Ќосевски, Игор Ѓорѓиев и Мартин Карапалевски.

Македонија е во Група Ц заедно со репрезентациите на Данска, Јапонија, Аргентина, Нигерија и Бахреин.

Македонија првиот натпревар на СП го игра на 06 август во 20:30 часот против репрезентацијата на Аргентина во СЦ „Борис Трајковски„.