Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Slider > Супер Глоуб: Вардар и Барса директно во 1/4-финалето, Кил ја засилува конкуренцијата
Супер Глоуб: Вардар и Барса директно во 1/4-финалето, Кил ја засилува конкуренцијата

Супер Глоуб: Вардар и Барса директно во 1/4-финалето, Кил ја засилува конкуренцијата

Светската „куќа на ракометот“ -ИХФ денеска ги соопшти деталите  за претстојното издание на Супер Глоуб. Годинава Супер Глоуб купот има  10 екипи. Конкуренцијата, ИХФ,  реши додатно да ја засили, повикувајќи и  трета европска екипа. Станува збор за германскиот претставник, тимот на Кил.

На првиот ден на турнирот, на 27 август ќе се одиграат две т.н 1/8финални квалификациски средби. Ќе играат Кил  против Сиднеј и Ал Мухдар против Њујорк.  Потоа ќе се играат  1/4 финални натпревари, полуфиналето и на крајот битката за пехарот. Наградниот фонд е повторно голем, шампионот ќе добие 400.000 долари, 250.000 се заменети за тимот кој ќе  заврши на  второ место  и 125.000 за трето место.

Списокот на десет екипи кои ќе настапат на ова неофицијално клупско светско првенство, изгледа вака:

Вардар, Барселона, Замалек, Таубате, Ал Духаил, Ал Вехда, Кил, Сиднеј, Ал Мухдар и Њујорк