Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Slider > (ВИДЕО) Дибиров со два гола во ТОП-10, место во изборот за најдобри голови имаше и за Шишкарев, Кристопанс и Борозан
(ВИДЕО) Дибиров со два гола во ТОП-10, место во изборот за најдобри голови имаше и за Шишкарев, Кристопанс и Борозан

(ВИДЕО) Дибиров со два гола во ТОП-10, место во изборот за најдобри голови имаше и за Шишкарев, Кристопанс и Борозан

Медија тимот на ЕХФ после прегледот на најдобрите одбрани и асистенции, направи и избор на најдобрите 30 голови во Лигата на Шампионите, за изминатата сезона, во која Вардар успеа по втор пат да стане Европски Шампион.

Ниту еден избор не поминува без играчите на Вардар, така и во овој доминираат нашите ракометари. Така на пример, Тимур Дибиров со два свои голови се најде и во ТОП-10 или поточно во најдобрите седум погодоци на сезоната. Едниот е во големото финале против екипата на Веспрем, додека највисоко котира со голот од својата позиција, на реванш мечот од 1/4 финалето против Пик Сегед, гол кој се најде на 4.место на најдобри. Во ТОП-30 изборот место имаше и за Данил Шишкарев, кој со голот против Загреб се најде на 29.место, потоа цепелинот на Карачиќ до Кристопанс, на 22.место, како и „бомбата“ на Борозан, против Барселона, кој се најде на 16.место на најдобрите погодоци во ЛШ.

Уживајте во најдобрите голови во ЛШ, на линкот, ТУКА.