Кадетитите на Вардар Јуниор се освојувачи на турнирот кој е во организација на ракометниот клуб Илинден. Измиантиве три дена во спортската сала „Гоце Делчев“ се одржа младински ракометен турнир, на кој учество земаа и три екипи, од кои две се најдоа на врвот.
Во големото финале, момците на Будимир и Станковски ја победија екипата на Алушоски со резултат 29:23. Во текот на целиот меч имавме предност, така беше и на полувреме кога резултатот на семафорот гласеше 14:9. За МВП на турнирот е прогласен десниот бек на Вардар Јуниор, тоа е Давид Савревски.
Претходно во полуфиналниот дуел бевме подобри од екипата на Еурофарм од Битола.