Пионерките на ракометниот клуб Вардар се освојувачи на турнирот „Илинден 2019“. Избраничките на Платон и Папуџиева го добија и третиот натпревар и со максимални 9 освоени бодови го освоија турнирот.
Денес на последниот меч, во дербито ја победивме и екипата на Металург. Нашите девојки славеа победа со резултат 19:15. Во текот на целиот меч имавме водство и на крајот заслужено го освоивме турнирот. Претходно издвојувавме побед и во дуелите против екипите на Илинден и Аеродром.
На денешниот меч, најефикасни беа Бојана Коцева и Александра Коловска кои постигнаа по 3 голови, додека по 2 гола беа дело на Сара Стефановска, Јана Равојска, Теодора Ангелова и Бојана Радевска. По еднаш во листата на стрелци се запишаа и Сара Стојановска, Мила Крагељ, Борјана Коцева, Наталија Максимовска и Мила Пешиќ.