Денес на младинскиот турнир организиран од РК Илинден во истоимената скопска населба се одигра 1/2-финале кај момците. РК Вардар Јуниор на Будимир и Станковски дојде до пласман во големото финале каде ќе се бори за злато.
Во полуфиналната средба тие се сретнаа со екипата на РК Еурофарм од Битола. Црвено-црните кадети доминираа во текот на целиот меч и обезбедија соочување со тимот на РК Алушевски во големото финале. Уште по крајот на првиот дел се виде дека тие ќе обезбедат победа, по 30.минути ракомет колку што се игра денес за разлика од претходно кога се играше полувреме по 20.минути тие заминаа на одмор со двоцифрена предност. Водеа со резултат 17-6 на паузата помеѓу двата дела. Во вториот дел се беше чиста формалност, ние одигравме ниво повисоко. На крајот на семафорот во салата „Гоце Делчев“ во Населба Илинден стоеше 35-13 за нашите момци.
Киселовски Леонид и Пешевски Андреј погодија по пет пати, четири погодока беа дело на Калајџиески Симон.