Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на Македонија обезбедија полуфинале на ЕХФ Шампионатот, Марио Стојановски постигнуваше голови против Турција и Косово
Кадетите на Македонија обезбедија полуфинале на ЕХФ Шампионатот, Марио Стојановски постигнуваше голови против Турција и Косово

Кадетите на Македонија обезбедија полуфинале на ЕХФ Шампионатот, Марио Стојановски постигнуваше голови против Турција и Косово

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија има максимален учинок на освоени бодови, после одигрување на првите две кола на ЕХФ Шампионатот во Летонија.

Избраниците на Раде Стојановиќ на отварањето ја победија репрезентацијата на Турција со резултат 34:19, додека на полувреме беше 15:10. На овој натпревар во составот на Македонија се најде Марио Стојановски, кој успеа да се запише во листата на стрелци постигнувајќи 1 гол.

Вчера, Македонија запиша уште еден убедлив триумф, овој пат против репрезентацијата на Косово. И тука, немавме големи проблеми околу обезбедување на победата, која беше решена уште на полувреме, кога имавме водство од 21:11. Во вториот дел, противникот постигна само пет гола, за уште повисок триумф на нашите кадети, изразен со резултат 16:39.

Во триумфот против Косово, вардаровиот играч, Марио Стојановски на три пати ја тресеше противничката мрежа.

Следен наш противник е домашната репрезентација на Летонија. Без разлика на конечниот исход, Македонија се пласира во полуфиналето на ЕХФ Шампионатот.