Се одиграа последните кола од регуларниот дел на сезоната во ракометната јуниор лигата во генерацијата 2000/2001 и 2004/2005 и познати се полуфиналните двојки за Ф4 турнирите во уште две старосни категории (види). Остануваат уште две кола да се одиграат во генерацијата 2002/2003.
Во оваа категорија осумте екипи се поделени во две групи и треба да одиграат уште две кола пред да се игра Ф4 турнирот. Екипите на Кале Вардар и на Преспа Вардар остануваат единствените без пораз по 11 одиграни кола. Според пропозициите првите две екипи од секоја група ќе се пласираат на завршниот Ф4 турнирот. Се резбира непобедливите два тима на Кале Вардар и Преспа Вардар се сигурни учесници на две кола до крај . За другите две места на финалниот турнир конкурираат вкупно уште четири екипи кои имаат шанси.