Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > За пополнување на кадетските ракометни тимoви Вардар ќе организира селектирање
За пополнување на кадетските ракометни тимoви Вардар ќе организира селектирање

За пополнување на кадетските ракометни тимoви Вардар ќе организира селектирање

Машкиот и женски ракометен тим Вардар ќе продолжи да ги пополнува сопствените редови на младинските екипи со т.н скаутинг од црвено-црните надежи  кои настапуваат во Ракометната академија на Вардар. Така за  следната сезона, 2016/2017 сега ќе се избираат најталентираните во  генерацијата 2000/2001. Тие  од следната сезона  треба да настапуваат во кадетската екипа и во младинската лига. Клубот во соопштението за ова селектирање вели:

Ќе има тренинзи на сите школи и најдобрите играчи од секоја екипа, кои ќе бидат под надзор на тренерите на Вардар. Тие ќе го дадат своето мислење, кои ќе го поминат строгиот филтер за пополнување на местата во екипата. Со оглед на тоа што сезонава сите имаа натпревари во Вардар јуниор лигата и настапи на турнири останува својот напредок играчите да го потврдат и пред стручните лица на клубот.

Селекцијата на машки и девојчиња од генерацијата 2000/2001 ќе се одржи во СЦ Кале во периодот од 12 до 14 мај 2016 година, и тоа според следниот план.

четврток (12.05) – тренинг од 18,30 ч. (женски)
четврток (12.05) – тренинг од 20 ч. (машки)
петок (13.05) – тренинг од 18,30 ч. (женски)
петок (13.05) – тренинг од 20 ч. (машки)
сабота (14.05) – полуфинални натпревари од Вардар јуниор лигата (СЦ Јане Сандански, мала сала)

Тренинзите на машките кипи ќе ги водат: Раул Гонзалез, Давид Камара, Слободан Чивлачки, Кристијан Грчевски, Зоран петковски, Стојан Петрушевски, Пепи Манасков и Аце Станковски

Тренинзите на женските екипи ќе ги водат: Индира Кастратовиќ, Давид Камара, Симе Симовски, Александар Царчев, Билјана Пецевска, Анжела Платон, Александра Кузмановска и Драгана Ристова.