За време на ЕХФ неделата, пријателски натпревар ќе одигра и актуелниот Европски шампион, тоа е репрезентацијата на Шпанија. Селекторот на фуријата, Жорди Рибера го објави составот за дуелот против Тунис, а тоа е речиси истиот кој успеа да ја освои Европската титула. Меѓу повиканите ракометари е и играчот на Вардар, Жоан Кањелас, додека единствено кои нема да настапат на дуелот со Тунис, а беа дел од златниот состав, се Штербик, Балагуер и Гвардиола.
За време на ЕХФ неделата, голем број од играчите на Вардар ќе бидат со своите репрезентации, по што ќе се вратат во Скопје и ќе се подготвуваат за завршниот турнир во СЕХА-лигата.