Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Хрватска триумфално со Исланд, Карачиќ погоди два пати и вели: Македонија има големи шанси за победа над нив
Хрватска триумфално со Исланд, Карачиќ погоди два пати и вели: Македонија има големи шанси за победа над нив

Хрватска триумфално со Исланд, Карачиќ погоди два пати и вели: Македонија има големи шанси за победа над нив

Во осмата средба на големите првенства помеѓу Хрватска и Ислад победата ја остварија “Каубоите“. Тие немаат ниту еден пораз од “рибарите“ на големите настани досега. Победата дојде со резултат 31-27, со фуриозна игра во вториот дел од второто полувреме на хрватите.

Хрватите најпрвин дуелот го однесоа на пауза со два гола предност, 16-14 по релативно израмнетото прво полувреме. Момците на  Лино Червар тргнаа добро во вториот период зголемувајќи ја предноста на 19-15. Потоа следеше неверојатен пат по кој беа во негатива со два гола,  22-24. Сепак со пеколен финиш, тие успеаа да ја вратат предност и забележаа победа со 31-27. Вардаровиот среден бек, Игор Карачиќ на оваа средба одигра добро, впиша два погодока зад своето име. Во изјава за медиумите даде оценка за нашите шанси во средбата со Исланд, тој вели:

Гледав дваесетина минути од натпреварот на Македонија, македонската репрезентација ми изгледаше доста компактно. Со добра игра во одбраната, мислам дека Македонија има сила и капацитет да го победи Исланд, посебно ако го неутрализира Палмарсон што може да биде клучно– вели Карачиќ.